fbpx

Хаотичниот Избирачки список потврдува изборна измама

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори, преку фантомски гласачи и злоупотреби на државните институции.

Jавноста секојдневно се запознава со хаотичниот Избирачки список.

Само неколку примери покажуваат дека на една адреса фигурираат и по 100-тина, па дури и повеќе лица.

На една адреса во Скопје се запишани 112 лица, а на друга 66 на трета 33 лица.

На една адреса во Ресен се запишани 34, на друга, 24, на трета 8 лица.

Големиот број на лица впишани на иста адреса, но и бројките на станари кај пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека планот за изборна измама бил направен во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се виде за каква злосторничка банда се работи, какви изборни измами правела.

Ја повикуваме Државната изборна комисија што побрзо да даде инструкции а граѓаните да го искористат своето законско право да пријават неправилности, но да доставуваат информации и до МВР, за да се покренат соодветни постапки.

Секој што учествувал во изборна измама мора да одговара согласно законите.

Прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.

Граѓаните се тие коишто ќе одлучуваат за иднината на својата земја на фер избори.

Во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми.

 

 

Последни вести