Филипче: СДСМ подготвува нова програма и меѓународна „Скопска иницијатива“ против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на регионална средба со општинските организации од ИЕ4 во Струмица истакна дека партијата подготвува нова програма и меѓународна иницијатива за борба против корупцијата.

„За крајот на мај или почетокот на јули планираме да се случат две работи: прво, една меѓународна средба на која што ги каниме сестринските партии од регионот во еден заеднички фронт на Европа за борба против корупцијата, и за тоа ни дава поддршка и дел од европските социјал-демократски партии, и тоа ќе биде форма на таканаречена Скопска иницијатива,“ рече Филипче.

Тој додаде дека ќе се организира и програмски конгрес на кој ќе се претстави новата програма на СДСМ за следниот период, со конкретна понуда за граѓаните и критика за актуелните политики на власта.

„На програмскиот конгрес ќе ја аплицираме нашата нова програма и ќе излеземе пред граѓаните со конкретна понуда, зашто политиките што ги спроведува оваа власт се само изговори, додаде Филипче.“