Не е важно како ги нарекуваат, мигранти или „економски работници“, суштината е иста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор

Па добро прашање, затоа што фактички одговорот на ова прашање е објаснување на континуитетот на лажење на премиерот.

Претседателот на партијата не зборуваше за мигрантски кампови, зборуваше, цитирам, за економски работници. Зборуваше за мигранти, за пари и тоа беше многу јасно кажано.

Значи може и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како сакаат да ги наречат овие луѓе, дали сакаат да ги наречат мигранти, азиланти, цитирам, бегалци или економски работници.
Суштината е иста. Се менува терминот само колку да се направи манипулација со вистината.

Затоа внимателно треба да го слушаме и да го гледаме Мицкоски, не што кажува за мигрантите, тукушто не кажува.

Сетете се како кажа кога не демантираше, кога се обиде да не демантира дека во Македонија нема да има илегални работници и дека во Македонија нема да има бегалски кампови. Точно. Значи тоа што не го кажа е дека тие работници ќе работат легално и не кажа дека нема да бидат во бегалски кампови, туку ќе си функционираат, ќе се движат насекаде.

Да потсетиме, не СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ со својот коалициски партнер донесе одлука, односно закон за странци со којшто се олеснува процедурата да дојдат во нашата држава, да престојуваат во нашата држава и да работат во нашата држава.

Понатаму, одлука за отворање на вратите донесе токму ВМРО-ДПМНЕ во 2026 година со 10.000 работници.

Значи се прави простор за работници од странство, а за жал можевме да видиме дека македонските работници се бркаат од работа и се праќаат дома.