Во режија на ВМРО, Богдановиќ го напушта ЗНАМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во нова режија за збунување на избирачите, ВМРО во соработка со српската БИА формира проруска партија „Српска лига“.

Со истата таа партија во Србија управува Милош Вучевиќ, првиот човек на Александар Вучиќ и претседател на СНС, сестринската партија на ВМРО. Вучевиќ е координатор задолжен за Мицкоски. Тука е и Адамовиќ, пријател и бизнис партнер на Мицкоски, кој редовно ја посетува ВМРО, па дури и нивните конгреси. Сите тие се луѓе на Вучиќ задолжени за српско/руско влијание во Македонија.

Она што СДСМ им го најави на граѓаните уште пред еден месец сега се потврдува.

Се формира ново „движење“, уште една сателит-партија во режија на ВМРО – „Српска демократска лига“.

Проектот ЗНАМ, кој беше креиран како алатка за одземање гласови од СДСМ, веќе е целосно маргинализиран и се дели. Со оглед на тоа што ЗНАМ речиси и не се појавува во најновите истражувања, ВМРО се одлучи на уште едно уситнување на опозициските гласови.

Улогата на ЗНАМ е сведена само на гласање закони по налог на ВМРО и давање легитимитет на тендерската коалиција и криминалните зделки со тендери додека трае оваа влада.

Сега, откако ЗНАМ ја исцрпи својата употребна вредност, ВМРО оди чекор понатаму и прави нова сателит-партија.

По copy-paste модел преземен од Вучиќ и СНС, нивните сестрински партии, со цел создавање контролирана опозиција и дополнително збунување на избирачите.

Станува збор за т.н. „Српска демократска лига“, директна копија на Српска лига, со изразен прорускки наратив и отворена поддршка на политики кои се спротивни на интересите на НАТО и ЕУ, но и на европската иднина на Македонија.

Богдановиќ го напушта ЗНАМ, од СДСМ одамна не е дел.

Имало повеќе обиди за врбување и на членови на СДСМ за приклучување кон овој нов „движење“, но без успех.

Во јавноста се појавуваат приказни за „платформи“ кои се во режија на ВМРО, со јасна цел – слабеење на СДСМ, кој во последно време добива голема поддршка од граѓаните токму затоа што е единствената конструктивна, а не контролирана опозиција.

СДСМ нема да дозволи сценарија на контролирана опозиција и политички инженеринг по туѓи модели. Граѓаните ја препознаваат вистината и знаат кој работи за нивниот интерес, а кој за туѓи агенди.

Власта ќе биде вратена во рацете на граѓаните!