Мицкоски лаже, „нелегални мигранти“, „економски работници“ суштината е иста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски лаже!

Се сеќавате кога Мицкоски велеше „Нема да има нелегални мигранти во Македонија“?

Тогаш му одговоривме дека не постојат „нелегални“ и „легални“ мигранти и дека се кријат зад термини како „економски работници“ и „нелегална миграција“.

„Нелегална миграција“ стои и во Декретот на ВМРО во која нема ниту збор за спречување на мигранти од Британија туку забранува говор на опозицијата.

Исто како изјавите на Мицкоски за „нелегални мигранти“. И сега е исто. Дали ќе ги нарекуваат „мигранти за пари“ или „економски работници“ суштината е иста.

Затоа Владата го измени Законот за странци. Затоа донесе одлука за 10.000 странски работници.

Како и да ги нарекуваат, луѓето гледаат и не се слепи, тие доаѓаат. Ги гледаат на улиците во Македонија, гледаат работници кои се отпуштени, а на нивно место работат странци.