Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски многу лаже. Сите во Европа го причитаа.
Како што лажеше дека ќе го врати името, така лаже и денес за блокираниот европски пат на Македонија.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и испрати јасна порака во името на ЕУ – нема место за тројански коњи.
За жал, Македонија денес има токму таков пример со ВМРО, со нивниот вицепремиер кој има средби со „Ноќните волци“ на Путин, по врските со Москва и нивната сестринската партија СНС, по кинеските пари.
Европа не прифаќа тројански коњи во своите редови.
Пораките од Европската Унија се директни и недвосмислени. Реформите во правосудството, владеење на правото, борбата против корупцијата и криминалот, слободата на медиумите и вклучувањето на малцинствата во Уставот се услов за продолжување на европскиот пат на државата.
Наместо да работи на исполнување на овие услови, Мицкоски свесно создава конфликти со соседите со цел да ја држи земјата во изолација. Тоа е единствениот начин да се избегне одговорност за криминалот и корупцијата во врвот на власта.
Граѓаните знаат: европската перспектива на државата е реална и достижна, но Мицкоски ја тука Македонија во изолација.
Сè кај Мицкоски е лага. Дури и неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“.
Како што лажеше за враќањето на името, сега лаже и за влезот во ЕУ.
Политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ во една реченица: ЛАГА!


