Филипче: СДСМ ги поддржува работниците, не може да има за луксуз на власта а да нема за плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија секогаш ги поддржувал и ќе ги поддржува работниците, тоа го покажавме и со нашите политики, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус. Филипче посочи дека недозволиво е да се нема пари за 600 евра минимална плата, а да има за луксузирањата на власта.

„Секако дека ги поддржуваме. Секогаш сме ги поддржувале. Мора да се скрати од луксузот на функционерите, од опремувањето канцеларии и купувањето мебел. Не може да има за нов авион за туристички патувања, во Сплит на море, Будимпешта и Белград кај нивните шефови, а работниците да немаат за леб. Не оди. Единствената дисторзија е во нивниот луксуз и во нивните џебови“, рече Филипе.

Тој додаде дека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените во маркетите континуирано растат, а владата не презема мерки за да им помогне, туку и дополнително профитира врз грбот на граѓаните, како со Правилникот за цените на горивата.

„Погледнете ги цените во маркетите, погледнете ја цената на струјата. Енормно поскапеа горивата. На светските берзи, цената се намали, а кај нас остана зголемена? Затоа што власта реши да го менува Правилникот и сега цената на 7 дена се одредува, што значи граѓаните плаќаат повеќе. Овој раст на цените на горивата понатаму повлекува зголемување на производствените трошоци и крајно нов ценовен шок со зголемени цени на храна. Сево ова ќе биде на товар на грбот на граѓаните, кои и сега едвај го преживуваат месецот. Што да прават луѓето? Мицкоски вели не мора да одат на одмор. Следно ќе каже не мора ниту да јадат“, рече Филипче.

Во интервјуто тој потсети дека во периодот на владата на СДСМ платите континуирано растеа и во најголемите кризи, а сега премиерот Мицкоски упорно одбива да ја покачи миниланата плата.

„Уште во првите две години од мандатот, минималната плата ја зголемивме од 8.000 на 14.000 денари, стигнавме до 22.500 денари. Просечната плата од 22.000 на над 40.000 денари. Денес народот не може да врзува крај со крај. Луѓето едвај за храна имаат. Ние дадовме конкретен предлог како со сегашниот буџет да се дојде до минимална плата од 600 евра за работниците, но и за работодавачите да не бидат оштетени, туку напротив, двете страни да бидат задоволни. Владата го одби предлог-законот“, рече Филипче.