Рацете ви се крвави, оставка од Тошковски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска граѓаните слушнаа ново сведочење, дека Нацев од Агенцијата за обезбедување во Пулс, инаку блиска до ВМРО, се јавувал и како редар иако немал лиценца.

Ова е уште еден момент кој покажува како незаконски работела агенцијата поврзаната со ВМРО. Сега Мицкоски ќе смее ли да излезе и да признае дека се поврзани?

Истрагата за трагедијата во Кочани, која одзеде 63 млади животи, покажа и низа пропусти и потфрлања на МВР по повеќе основи.

Наместо да преземе одговорност од морални причини Тошковски ги штити своите началници.

Трагедијата во Карпош во која згаснаа животите на мајка и ќерка исто така покажа пропусти на МВР.

Во Велес, сериски насилник одзеде два животи, исто така пропусти на МВР на Тошковски.

Во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи, иако жителите со години пријавувале и предупредувале МВР не реагирало навреме.

5 тони дрога поминале преку граница, исто така прпусти на МВР.

Имаше серија скандали на северната граница со Косово поради пропусти на МВР.

Бодигардот на Мицкоски тепаше полицаец пред угостителски објект во Скопје, а Тошковски целосно го ослободи од одговорност.

Другиот бодигард на Мицкоски беше фатен во мега скандал со продавање службена тајна.
Скандал до скандал во МВР на Тошковски.

Уште колку скандали и трагедии треба да се случат, уште колку животи треба да се загубат за Тошковски да понесе одговорност?

Крвави ви се рацете. Оставка.