Како работи шефот на организирана криминална група ВМРО?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Човекот кого народот го вика „македонскиот Мадуро“, поради врските со 5 тони дрога запленети во селото Коњух во Србија, кај сестринската партија СНС, излегува во јавност и вели дека СДСМ нема кредибилитет да зборува за минимална плата, затоа што СДСМ била позната по криминал и корупција?!

Човекот кој е познат по својата „тендерска коалиција“ со здружението ЗНАМ?

Човекот кој е уредник на жолти таблоидни медиуми (од кои излегуваат лажни вести, измислени афери и навреди кон СДСМ), кои ги држи во сопственост преку Орбан, а кои сочинуваат 40% од медиумскиот простор во Македонија, додека врз останатите слободни медиуми влијае со пари од државниот буџет, со пари на граѓаните на Македонија?!

Криминалот и корупцијата се смислени во кујната на ВМРО?

Човек кој секој неистомисленик го нарекува „медиокритет“, а граѓаните „талог на општеството“.

Човек кој купува авион за свои лични потреби, за патувања во Будимпешта кај шефот и за одмори на море?

Човек кој носи часовници од по 60.000 евра, додека работниците мора да работат 150 месеци (12,5 години) за таков часовник.

И тоа не е единствениот во колекцијата!

Значи еден македонски работник треба три животи да работи за да може да си дозволи толку скап часовник како што овој човек носи.

За време на владеењето на СДСМ парите завршуваа кај граѓаните: ја зголемивме минималната плата од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната од 22.000 на над 42.000 денари.

Сите сме навикнати дека Мицкоски лаже. Тоа сега го знае цела Македонија.

На власт дојде со лаги за промена на името. Лаже за ЕУ, лаже за сè.

Овој ли човек ќе зборува за кредибилитет?

Неговите таблоидни изјави најдобро ги опишува познатата реченица на Гебелс: „Обвинувај го другиот за она што самиот го правиш“.

Тоа е класична гебелсова тактика: обвинувај ги другите за твоите гревови за да создадеш конфузија и да го одвлечеш вниманието од вистината.

Кој има кредибилитет, Мицкоски или СДСМ, народот ќе одлучи.

Само овој пат нема да добиете нова шанса каква што ви беше дадена пред две години.

Сите ќе одговарате пред законот за криминал и корупција.

Од првиот до последниот!