Соопштение за јавност
Мицкоски ја води државата како Али Баба и 40 разбојници, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус. Филипче нагласи дека е недозволиво власта да распишува тендери за лично богатење а да нема пари за мерки за граѓаните.
„Не можете секојдневно да распишувате тендери за своите другари и за себе, а да не останат пари за граѓаните. Тоа го нема никаде. Мицкоски ја води оваа држава како Али Баба и 40-те разбојници. Со тоа што мислам дека сега се малку помалку, откако ги смени сите потпретседатели и постави само свои неколку другари на клучни места. Тој најдобро знае колку луѓе брои таа банда“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче укажа дека владата на ВМРО државата и финансиите ги води до исцрпување на буџетот, а потоа пристапува кон задолжувања, сè додека и парите од задолжувањата не завршат во тендери
„Ние немаме работа со политички неистомисленици, па да се бориме со економски предлози и планови. Ние имаме работа со мафија, со неверојатен степен на криминал и корупција. Се занимаваме со луѓе што се обидуваат да ја задушат демократијата, слободата на говор, целосно да ги контролираат медиумите и правосудството. Еден тоталитарен, автократски режим! Човек во бегство, на Интерполова потерница, управува со нив од Будимпешта. Тие не се ништо подобри од она против што се боревме пред 10 години, можеби се дури и полоши“, заклучи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.


