Соопштение за јавност
ВМРО до толку многу лажат што во лагите се губат тотално.
Вчера рекоа дека имало бавидби демант од Европската Унија и дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос за „токсичните влијанија на Русија и други“ како и пораката дека „нема место за тројански коњи“ не се однесувала на Македонија.
Па каде е демантот?
Го нема.
Еве вака функционира ВМРО-ОКГ.
Покажаа дека може да отидат до таму да лажат и да измислуваат деманти на ЕУ.
Лажеа за името, лажеа за Преспанскиот договор, лажеа за платите, еве сега лажат и за ЕУ.
Политиката на ВМРО и Мицкоски се сведува на само еден збор: лага.
Но граѓаните веќе тоа го знаат и го препознаваат.
Колку повеќе ВМРО лаже за ЕУ, толку појасно станува дека нивната политика не води кон Европа, туку кон намерна изолација.


