Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос дека Европа не сака „тројански коњи“ претставува сериозна порака.
„Имаме сериозна изјава, предупредување од еврокомесарската Марта Кос дека нема место за нови членки на кои Русија и други имаат влијание и дека Европа не сака тројански коњи. И тоа е многу сериозна и силна порака. После предупредувањето дека овде владее српскиот свет во извештајот на Европскиот парламент ова е нова ваква порака“, истакна Филипче.
Тој се осврна и на последниот извештај на известувачот Томас Вајц од Европскиот парламент.
„Во извештајот на известувачот Томас Вајц од европарламентот нема напредок во клучните области: владеење на право, реформи во правосудство, борба против корупција и криминал. Слободата на говор е секако еден многу лажен сегмент во демократијата. Оваа власт носи резолуција со којашто се забранува на опозицијата наговори на одредени теми“, рече Филипче.
Претседателот истакна дека неможе да има слобода во медиумите кога огромен процент од медиумите се во сопственос на луѓе блиски до унгарскиот премиер Орбан.
„Не може да има слобода од медиумите кога, како што сите знаете, се најавува кој претендира да биде нов директор на националната телевизија МТВ. Дали ќе биде близок човек на премиерот Мицковски со којшто тој ќе стави целосна контрола во сите сегменти во државата, откако на Унгарија, по никаква основа блиска наша земја, ги даде во владеење финансиите со една милијарда кредит којашто не знаеме каде е“, посочи Филипче.
Тој додаде дека истиот модел се гледа и во енергетиката, инфраструктурата и телекомуникациите преку проектите кои се најавуваат, а компаниите водат директно до луѓе
пријатели на премиерот Орбан.
„Ова е уште еден нов сегмент во каква држава планираат да ја направат Македонија Христијан и ВМРО-ДПМНЕ, силно корумпирана и криминална“, заклучи Филипче.

