Соопштение за јавност
Наместо за членството на Македонија во Европска Унија, Мицкоски во Брисел зборува за глобалните предвидувања, се занимава со војната во Иран, во Украина, со економската перспектива на Европа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Мицкоски во Брисел зборува за реформи, а реформите не ги спроведува.
„Тој не зборува за нашето пристапување, за пристапувањето на Македонија во Европска Унија затоа што тоа не го интересира. Да не беше смешно, ќе беше тажно. И уште потажниот дел за сите граѓани на Македонија, тој разговара за проширувањето и за реализирани реформи, како да станал еврокомесар за проширување. Наместо да зборува за пристапувањето на Македонија во Европската Унија“, рече Мицкоски.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека владата наместо да ги исполни реформите и уставните измени, тие создаваат намерни конфликти и шират некакви лаги за бугарска завера.
„И тоа е еден веќе виден стар, добар рецепт за да се задржи власта, а притоа жртвувајќи ја иднината на државата и на граѓаните.Зборува за спроведени реформи, се поставува прашањето за кои реформи кога ниту еден закон од областа на правосудството минатата година од реформската агенда не беше донесен. Само еден во кој што се направени измени кои се спротивни на препораките на Оценската мисија. Дали ќе зборува за тој закон, донесен спротивно на препораките на Европската Унија. Да преведам, ако некој не разбрал премиерот работи на изолација на државата“, рече Филипче.

