Соопштение за јавност
Леб нема, ама има игри…
ВМРО никако не може да сфати дека кај граѓаните дефокусот повеќе не поминува. Дефокусот не го полни фрижидерот.
Дефокусот не ги крева платите, не ги намалува цените на нафтата!
Дефокусот не дава подобри услови за образование и здравство.
Дефокусот не може да ги среди криминалот и корупцијата.
Дефокусот не може да го избрише апсењето на директорот од ВМРО за мито во скандалот со ИПАРД 3, не може да се заборави вчерашното апсење на директорот на Инспекторатот за земјоделие за земање мито.
Дефокусот не може да ви го подигне овој историски низок рејтинг на анкетите. Едноставно не може.
Дефокусот повеќе не поминува, затоа што веќе не сте опозиција за да ветувате промена на името, а да не направите ништо.
Повеќе не поминува предавството на националните интереси, затоа што вие контролирате 40% од медиумите во земјата, а на останатите слободни медиуми пробувате да влијаете со притисок и финансиски средства, за преку нив да креирате слика во јавноста.
Единствените предавници сте вие! ВМРО-ОКГ!
Ги предадовте своите гласачи, ги излажавте дека БЈРМ или ФИРОМ е подобро од Северна Македонија, ги излажавте дека е подобра изолацијата од ЕУ, ги излажавте дека е подобро сами отколку со НАТО!
Сите ги излажавте.
Знаете како сега граѓаните знаат?
Го отвораат фрижидерот, одат на бензинска пумпа или не одат на одмор.
Поради гужвите што ќе ги има на границите и системот ЕЕС (тоа камионџиите најдобро го знаат), на листата за американски визи сме зад земјите од третиот свет, а најверојатно и поради пари.
Во извештајот на Freedom House сме најлоши, единствено полоша е Србија, т.е. вашата сестринска партија СНС и Вучиќ.
Знаете како уште граѓаните знаат дека лажете?
Затоа што нема пари!
Зошто? Поради тендерите!
Поради вашата организирана криминална група и нарко-картел. Поради вашата тендер-коалиција со ЗНАМ, кои, исто како и вие, ги предадоа своите гласачи.
Поради цената на струјата!
Поради Адамовиќ, Вучевиќ, поради Лазаревиќ и Руднап, поради СНС… и на крај сè тоа поради Мицкоски, македонскиот Мадуро.
Ете затоа!
Навикнавте Башановиќ, Харис Џиновиќ, д-р Жан, Артан Груби, Катица Јанева, Боки 13 и останатите да поминуваат додека бевте во опозиција.
Немавте одговорност.
Сега, кога Европа ве смета за „тројански коњ“, кога нема пари во буџетот, кога нема напредок во евроинтеграциите, ниту националната приказна повеќе поминува.
Знаете зошто? Затоа што ЕУ е национален интерес, а не Белорусија, Северна Кореја и Русија.
Едноставно, ДЕФОКУСОТ повеќе не може да ги покрие сите ваши лаги, не може!!!
Штом веќе го пуштате Башановиќ, пуштете ги и вашите Израелци и Вучиќ, па да го гледаме целиот филм.
Само кажете кога, да земеме пуканки.
Нема да ви дозволиме да направите од Македонија Венецуела и Колумбија!
Сите ќе одговарате!
Поздрав од Бихаќка!


