Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не одговара на прашањата кои што ние ги поставуваме, зошто не одговараат на суштинските прашања кои што им тежат на граѓаните, туку прават само дефокус, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.
„Јас немам никаква врска со Башановиќ, партијата нема никаква врска со Башановиќ, немаме српски ПР. Ние имаме наш ПР. Нека си ги бара Србите премиерот во најблиските негови редови, конкретно Србите што соработуваат со Путин и кои што седат на столчето до него во Владата“, рече Филипче.
Воедно, Филипче нагласи дека Владата наместо да ги решава проблемите, да им помага на граѓаните, упорно дефокусира и не одговора на клучните прашања кои ги засегаат граѓаните.
„Зошто ВМРО-ДПМНЕ не одговара на прашањата кои што ние ги поставуваме туку прави дефокус, како премиерот е опседнат со српски ПР и со Харис Џиновиќ, тоа му се него одговорите. Ние го прашуваме што ќе прави со кризата – тој збори Дубаи, помош за граѓаните – тој збори Харис Џиновиќ, помош за земјоделството, за социјални случаи, да се намалат цените на горивата – тој збори Башановиќ. Тоа се вистинските прашања, зошто дефокусираат и не одговара на суштинските прашања коишто им тежат на граѓаните“, рече Филипче.
