fbpx

Мирчевски: Ќе ја вратиме довербата во институциите на фер избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчевски, заедно со членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Ковачев остварија средби со жителите на Босилово.

Граѓаните се пожалија на тешкото секојдневие. Несигурниот откуп, ниската откупна цена, големите давачки, се само дел од проблемите што ги мачат.

-Полето е покриено со пластеници, по цели денови работиме по нивите, а кога ќе дојде ред за пласман на нашите производи мака мачиме. Голем дел земјоделски производи скапуваат по нивите затоа што нема откуп, а она што го продаваме со месеци чекаме да биде исплатено. По 6 месеци чекаме за исплата од откупните центри, а сметките за струја не чекаат ни 5 дена, револтирано велат жителите.

-По промените, новата Влада на СДСМ ќе поттикне изградба на современи откупно-дистрибутивни центри, ќе ја регулира откупната цена на производите, ќе обезбеди финансиска поддршка преку програмите за рурален развој, ќе обезбеди зелена нафта, ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра годишно и ќе се грижи за нивна навремена исплата, рече Мирчевски.

Она за што се интересираа жителите на Босилово се и актуелните политички случувања.

-Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список,Никола Груевски и врхушката на власт докажаа дека се плашат од слободни и фер избори, затоа што знаат дека ќе ги изгубат, а со тоа ја губат и заштитата на криминалот и корупцијата на фамилијата. Инсистирањето на “бетонот” Груевски да ги бетонира изборите на 24-ти април не успеа, додаде Мирчевски.

-На фер и демократски избори, избори со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми како и избори на кои граѓаните ќе можат слободно да гласат, ќе ја вратиме довербата во институциите и демократијата во Македонија, а СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, рече Мирчевски.

 

 

Последни вести