fbpx

Кирацовски: Единствена опција се фер избори!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски заедно со претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски денеска беа помеѓу граѓаните на Младо Нагоричане и Старо Нагоричане.

Со граѓаните се разговараше за проблемите од секојдневниот живот.

-Оваа власт ни ги грабна шумите и земјиштата од раце. Никој не сака во јавноста да го пренесе овој грабеж. Ова не е по волјата на народот. Затоа ни требат транспарентни медиуми, се пожалија граѓаните.

-На Македонија и е потребна домаќинска Влада која ја извади државата од бездната во која ја втурнаа. СДСМ ќе гради еднакво и праведно општество, со модерно здравство и образование, ќе ја стимулира домашната економија, бизнисмените и земјоделците. Заедно со вас, граѓаните, ќе ја нормализираме државата и ќе ја вратиме на вистинскиот пат. Заедно ќе ја изградиме модерна и европска Македонија, рече Кирацовски.

На средбите со граѓаните се зборуваше и за актуелната политичка состојба.

Кирацовски повтори дека единствена опција и цел се фер и демократски избори.

-Вчера сите бевме сведоци како Груевски после сите лаги и криење од јавноста со денови призна дека нема услови за фер и демократски избори на 24ти април. Никола Груевски се плаши од слободни избори, но веќе ништо не зависи од него. Тој е минато. Во Македонија мора да имаме легитимна Влада која ќе ги решава проблемите и ќе ја врати државата на европскиот пат. Промените доаѓаат и ништо нема да ги сопре. СДСМ ќе ја превземе одговорноста и заедно со граѓаните ќе создадеме Европска и просперитетна Македонија – рече Кирацовски.

 

 

Последни вести