Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор
Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси.
Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите.
Последниот скандал: Најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери.
Дури 14% од сите државни договори од 2010 година завршиле кај блиски луѓе на Орбан – вкупно вредни 32 милијарди долари.
Истите криминални тендерски шеми како Мицкоски и ВМРО-ОКГ што ги прават во Македонија.
161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер за Пирамид билдинг, 74 тендери за „Ленди Груп“, 1,2 милиони евра за фирма блиска со ЗНАМ во Пошта.
Станува збор за ист модел на владеење. Иста матрица. Корупција на сите нивоа.
И Мицкоски има свој водоводџија, исто како Орбан – Томовски, кој од ДКСК дозна дека татко му не му е татко.
Кога Мицкоски вели ги зацрстува „блиските врски“ еве на што мисли:
-На врските со вистинскиот шеф на ВМРО-ОКГ, бегалецот во бегство Никола Груевски.
-На преземањето медиуми и гушење на слободата. Над 40% од медиумите се под контрола на ВМРО, преку Орбан.
-На кредитите од 1 милјарда евра со кинески пари.
-На бизнисот во енергетиката, последно преку фирма ќерка на Status Енергу KFT
-На бизнисот на 4iG во телекомуникациите.
И секако соработката со Русија на штета на Европската унија.
Мицкоски и прокси руски играч на Балканот.
Затоа, почитуваи граѓани,
Кога Мицкоски вели дека е подготвен децении да чека, ете на што мисли, корупција, криминал, иселување на младите, а Македонија надвор од ЕУ, црна дупка на Балканот во скутот на странските и руски интереси.
Ова е распродажба на државата, грабеж и предавство на македонските нациолни интереси.



