Филипче: Национален интерес е членството во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, посочи дека национален интерес за државата е членството во НАТО и во ЕУ, а премиерот Мицкоски со неговите политики и изјави врши предавство токму на оовој македонски национален интерес.

„Зошто е предавство на македонскиот национален интерес? Поради тоа што македонски национален интерес е членството во НАТО и ЕУ. Затоа што во НАТО успеавме да ја обезбедиме безбедноста на земјава на нашите граници“, рече Филипче.

На брифингот Филипче потсети дека македонскиот јазик и идентитет се потврдени, признаени и заштитени, а премиерот Мицкоски упорно ја претставува состојбата на националниот интерес на погрешен начин.

„Премиерот повторно зборува дека некако националниот интерес бил загрозен. Како е загрозен националниот интерес. Тоа што станавме земја членка на НАТО е загрозување на националниот интерес или остварување на истиот? Што е тоа се распродадено според него? Македонскиот јазик и идентитет се потврдени, признаени и заштитени. Јазикот е признат од сите земји членки на Европска Унија. Има потпишано договор на македонски јазик, договорот ФРОНТЕКС со сите земји членки на Европската Унија, со Европската Унија на чист македонски јазик без додавки и без фусноти. Името? Па бевме бивша е Југословенска Република Македонија? Што е загрозено? Како и секогаш премиерот лаже“, нагласи Филипче.