Соопштение за јавност
Мицкоски лаже, исто како што лажеше за името и за Преспанскиот договор така и сега лаже, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг.
„Што е загрозено? Името! Па бевме Бивша југословенска република Македонија? Како и секогаш премиерот лаже. Исто како што лажеше за името исто како што лажеше за преспанскиот договор така и сега едноставно лаже. Премиерот повторно зборува дека националниот интерес бил загрозен. Како е загрозен националниот интерес? Тоа што останавме земја членка на НАТО е загрозување на националниот интерес или остварување на истиот? Што е тоа се распродадено според него? Македонскиот јазик и идентитет се потврдени, признаени и заштитени. Јазикот е признат од сите земји членки на Европската унија. Имаме потпишано договор со Фронтекс со Европската Унија, на чист македонски јазик, без додатоци и без фусноти“, појасни Филипче.
Тој посочи дека Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси и потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа.
