Соопштение за јавност
Покрај сите неуспешни обиди за внатрешно рушење на СДСМ преку Деспотовски, Шилегов и нивната „Платформа“, сега и ЗНАМ, кој се распаѓа, се обидува да испрати некаква порака.
Но, не може ниту сопствената комбе-партија да ја задржи.
Максо не работи за плата, туку за тендери, а членството остана со празни раце по направеното предавство.
Единствениот кој наплати е токму Максо. Додека тие седат во Куманово, Максо игра покер во Вегас.
Сега, откако Мицкоски направи договор со ДУИ и му посла црвен тепих на Груби, му останаа малку опции, па ја активираше својата руска пудлица – Апасиев.
Порака до Апасиев: 72% од граѓаните се за ЕУ, а 70% се за НАТО. Џабе вееш знамиња во Собранието и ја срамиш државата пред првиот човек на НАТО, кој ја гарантира безбедноста на сите наши граѓани.
Те стишил газдата Мицко? За тоа и служат сателитските партии и т.н. „контролирана опозиција“.
Договорот од состанокот за укинување на техничката влада стапил на сила.
Благодариме што сте толку нестрпливи – нека видат сите граѓани кој е вистинска опозиција во Македонија – СДСМ.
Вашата политика ве доведе под цензус, ЗНАМ се избриша од политичката сцена, а истото ве чека и вас. Наскоро.
Граѓаните ве прочитаа одамна.
Толку лошо стои СДСМ па сите се занимавате само со нас?
Јасно и гласно: нема да нè сопрете.
Нема да ги држите граѓаните и нивните деца во изолација.
Нема да направите од Македонија руска губернија.
Македонија нема да биде слепо црево на Балканот ниту црна точка на Европа.
Македонија заслужува демократско и европско општество, а не вас.
Ние ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните, а Македонија на европскиот пат!

