Филипче: Во регионот само Владата на Мицкоски нема вистински мерки за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние сме единствена земја во регионот, со влада која што нема донесено директни мерки кон граѓаните, за да им помогне во оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1. Филипче посочи дека владата и покрај енормниот раст на основните производи и енергенсите, не презема конкретни мерки за помош на граѓаните.

„Кога ќе преземе акција владата? Што треба да се случи, повеќе од 40% има зголемување на цените на горивата, од 10% поскапување на цената на основните прехранбени продукти леб, зејтин, цените на овошјето и зеленчукот и до 200% се зголемени, брашно, шеќер се е поскапено во маркетите. Што треба повеќе да се случи.Со нецелосна мерка, со намалување само на ДДВ-то, граѓаните ништо не видоа. Повторно порасна цената на дизелот и на безоловниот бензин“, рече Филипче.

Во споредба со регионот, Филипче посочи дека другите држави веќе имаат конкретни мерки за поддршка на ранливите категории.

„Сите околни земји преземаа мерки. Хрватска донесе посебни мерки за луѓето кои што се приматели на социјална помош, кон земјоделците, рибарите итн. И ние сме единствена земја во регионот која што нема директни мерки кон граѓаните ниту ограничување на цената на горивата“, рече Филипче

Во интервјуто Филипче потсети на мерките што СДСМ ги спроведуваше во време на криза, со директна финансиска поддршка за граѓаните.

„Ние спроведувавме мерки, пакети на мерки, директна финансиска помош за време на ковид кризата. Кога почна енергетската криза, кога почна војната во Украина, директна помош добиваа граѓаните, 90% од сметката за струја беше субвенционирана на 660.000 семејства, директна помош добиваа студенти, пензионери, луѓе со посебни потреби, луѓе од загрозени социјални слоеви во државата. Тоа се вистински мерки, што сега кажува владата? Ништо -гледаме, посматраме, ќе видиме што ќе се случи“, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека СДСМ понуди конкретни решенија кои ќе дадат реален ефект за намалување на цените и заштита на стандардот на граѓаните, но владата не ги прифати.

„На време ги предложивме мерките, и тоа се мерки со кои што навистина ќе се намалеше цената на горивата, притоа ако се воведеа на време немаше да пораснат цените на основните прехранбени продукти. Предложивме да се намали ДДВ-то на горивата на 5%, да се намали ДДВ-то на нула проценти за основните прехранбени производи, да се намали акцизата за 4 денари и да се преполови цената на патарините. Тие луѓе што патуваат знаат колкав трошок е тоа, ние имаме најскапи патарини во Европа. Ете таков пакет помош од граѓаните навистина почувствуваат дека владата нешто работи за нивно добро. Вака ништо“, нагласи Филипче.