Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1, предупреди дека втора година по ред државната енергетска компанија ЕСМ бележи огромни финансиски загуби, за што директно е одговорен премиерот Христијан Мицкоски.
„Втора година по ред ЕСМ раководена од страна на премиерот директно, кој што пазете е енергетичар по струка, има 100 милиони евра загуба, што прават тие луѓе“, рече Филипче.
Тој додаде дека со вакво темпо на работа и генерирање загуби, загрозено е работењето на ЕСМ.
„Тоа претпријатие во 2027 година ќе биде знак прашање дали воопшто ќе работи.Планот за производство на струја не се исполнува. Планот за 2025 година на владата бил да се произведат 5.100 гигават часови струја, произведени се 2.400, точно половина. Како целокупниот хидроенергетски потенцијал во 2025 година на државата да не работел. Ете така се менаџира енергетскиот систем“, рече Филипче
Во интервјуто Филипче посочи дека наместо домашно производство, власта создава зависност од увоз на струја и мрежа на компании поврзани со министерката за енергетика Сања Божиновска.
„Што е целта? Да се увезува струја преку фирми, мрежа на фирми во кои што главна е министерката за енергетика. Она работела во тие фирми, српските фирми кои што ги објавуваме ние секојдневно, на Адамовиќ, тоа се случува, граѓаните мора да знаат. Огромен грабеж на народни пари под превезот на една лажна патриотска политика, тоа се случува во државата“, нагласи Филипче.


