Филипче: Мицкоски ја турка државата во орбанизација и изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуото во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, предупреди дека владата предводена од премиерот Мицкоски ја турка државата кон орбанизација и изолација, преку контрола на медиумите, врските со унгарскиот премиер Орбан и ширење на антиевропска реторика.Филипче посочи дека ВМРО тоа го спроведува со организирана кампања преку влијание врз одредени медиумски кои отворено промовираат провладини и антиевропски ставови.

„Тоа е една кампања која што ја води ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, со нивната силна контрола на медиумите, над четириесет посто од медиумите контролираат. Една телевизија јавно се декларира преку нејзиниот директор или главен уредник, дека спроведува провладини политики контролирани од Унгарија. Отворено го кажува тоа. Ние сега имаме тука медиуми кои што шират провладина, а антиевропска реторика“, рече Филипче.

Тој додаде дека ваквите политики на ВМРО се поврзани со моделите на владеење во Унгарија, што сериозно влијае врз оддалечување на Македонија од европскиот пат.
„Гледаме како Европа го осудува Орбан, кој што има директна комуникација со рускиот претседател Путин. Оваа власт е ненародна и оваа власт мора да си оди, затоа што не е ова веќе прашање само на власт или опозиција. Ова е прашање на опстанок на државата. Затоа што, што ќе се случи кога утре Црна Гора и Албанија ќе влезат во Европската Унија? Што ќе се случи? Како граѓаните ќе реагираат кога тие земји кои што биле толку позади нас и во реформите и во сѐ, станат земји членки на ЕУ? А договорот за членство на Црна Гора веќе се пишува? Гледаме како Албанија ги затвора поглавјата. Што ќе правиме ние?“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека постои опасност од геополитичко оддалечување на Македонија од Европа.

„Дали ќе останеме слепо црево на Балканот контролирано од Русија преку прокси рускиот играч, премиерот Христијан Мицкоски, за жал, и да бидеме слепо црево тука. Гледаме оттука какви се врските помеѓу Вучиќ и Орбан, гледаме како соработуваат, и практично Србија е вклучена во кампањата за Орбан“, рече Филипче.