Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, предупреди дека во буџетот недостасуваат средства за редовна исплата на плати и пензии, поради лошо поставените економски политики на владата на ВМРО.
„Нашите анализи кои што потекнуваат од експерти во финансии, кои се реални прогнози, покажуваат дека ќе има огромен недостаток на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии, затоа што дупката во пензискиот фонд е 50%. Ние ја оставивме со 30%. За 20% се зголеми дефицитот од пари во пензискиот фонд, не знам како ќе иде исплатата на пензиите“, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека СДСМ уште кога се носеше буџетот предупредуваше дека е нереален и не може да одговори на кризни состојби.
„Дали ќе се преброди една криза или не, зависи од однесувањето на владата. Ние предупредивме на почетокот на годинава, крајот на минатата година, кога се носеше буџетот, дека буџетот ниту е развоен, ниту може да издржи криза. Не е развоен, затоа што немаше доволно странски инвестиции. Тие се донесени на една третина. Во наше време беа милијарда и 200 милиони евра во 2024 година, како резултат на нашите политики, консекутивните тие години. Сега, на третина се донесени странските инвестиции“, рече Филипче.
Тој додаде дека буџетот е лошо испланиран, со сериозен дисбаланс помеѓу приходите и расходите.
„Огромна е разликата помеѓу приходната и расходната страна. Оваа влада мисли само на расходната страна затоа што тие можат да искористат. Како ќе ги соберат приходите? Уукажавме дека не е соодветно тоа е испланирано. Еве дојде криза, еве гледаме дека не можат ништо да направат, ниту пак имаат желба.Оваа влада не се интересира ниту за граѓаните, ниту за државата“, рече Филипче.


