Филипче: Наместо реформи власта прави брутална партизација на судството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оваа власт нема намера да направи реформи во судскиот систем, освен брутална партизација, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв. Филипче посочи дека се што владата на Мицкоски прави е поставување на свои луѓе во судскиот систем.

„Има неколку работи кои што сметам дека се важни и се сериозни индикатори дека оваа власт нема намера да направи нешто сериозно, тоа што треба да се направи во судскиот систем, освен брутална партизација, со поставување на свои луѓе, на блиски роднини на членови на ВМРО-ДПМНЕ за членови на Судски совет, советник на премиерот за Уставен судија, неспроведување на реформската агенда“, рече Филипче.

Тој додаде дека реформите во правосудството стагнираат, што има и директни финансиски последици и губење на европска поддршка.

„Ниту еден од дванаесетте закони не е донесен, само еден е донесен лани. Со тоа се изгубени и пари. Затоа што реформската агенда е врзана со грантови од Европската Унија. Поради тоа што единаесет закони не се донесени, а тој еден кој што е донесен, не е донесен согласно препораките на Оценската мисија“, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека ваквиот пристап на власта е намерен со цел партизација на институциите.

„Направиле трик повторно да можат да партизираат. Ние сме изгубиле финансии. Значи, нема волја да се вистински реформира судството. Понатаму, поставувањето и
однесувањето на главниот јавен обвинител.Како да го толкуваме неговото однесување, во кое што ги елиминира обвинителите кои што се занимаваа со полицајците во Кочани? Прво, на таа обвинителка не ѝ е продолжен мандатот. Ги зема најскандалозните, би рекол, предмети од обвинителката Ленче Ристовска, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа.“

Оттука, како што кажа Филипче, премиерот нема кредибилитет да зборува за реформи во правосудството.
„Не може премиерот Мицкоски да е човек кој што, како што гледаме, ќе спроведе нешто во правосудството. Како има тој човек кредибилитет да излезе и да зборува за реформи во правосудството? Нема никакви, нула. Значи, со оваа власт е завршено, оваа власт ништо добро не ѝ носи на државата“, рече Филипче.