Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – пратеничко прашање на претседателот Венко Филипче

Пратеникот и претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Филипче посочи дека се случи тоа на што предупредуваше СДСМ изминатиот период, а владата не презема навреме мерки за да ги заштити граѓаните од ценовните шокови.

Во продолжение е интегралното обраќање на Филипче:

„Кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Се случуваат работи кои што беа очекувани и на кои што предупредуваа експерти, аналитичари. Односно тоа е дека цената, растот на цената на нафтата ќе влијае на раст на сите други продукти, цени кои што се во директна или индиректна корелација. Апелиравме да владата превземе навремено мерки за да не се случи да започне спиралата на зголемување на цените на останатите продукти. За жал тогаш во првите денови на кризата владата не реагираше никако. Предупредувавме дека ќе пораснат цените на храната, на транспортот, останатите услуги и токму тоа сега се случува.

Имено, поскапена е храната, основните прехранбени продукти за 5 до 10% лебот, маслото, шеќерот, солта, основните месни, млечни производи, за над 200 до 300% се поскапени овошјето и зеленчукот. Во еден претходен период, во текот на јануари-февруари го одбивте предлогот предлог Законот да порасне минималната плата на 600 евра, што беше барање на работниците на синдикатите. Имено и тогаш граѓаните, работниците се соочуваа практично со егзистенцијални проблеми, а не сега кога цената на горивата се зголеми за близу 40%.

Во време на менаџирањето на кризата во владите на СДСМ, за време на ковид кризата или после почетокот на војната во Украина, овие мерки кои што сега ги предложивме, владеачкото мнозинство не ги изгласа. За жал сега законите за дополнително намалување на ДДВ-то на горивата, преполување на цените на патарините, мерки кои што навистина ќе придонесеа да се намалат дел од трошоците на граѓаните, намалување дополнително на цените на акцизите, со што ќе се намалеа цените на горивата, а не како до сега после секоја мерка која што ја имплементиравте, а тоа се само делумно мерките кои што ние ги предлагаме, во ниеден момент цената на горивата не се намали.

Ќе кажете имаме најниски цени во регионот. Меѓутоа една Хрватска и Словенија имаат слични цени на горивата како кај нас. За стандардот да не зборуваме. Таму минималната плата не е 400 евра, таму 1.000 односно 1.500 евра. Така што кога кажуваме колкави се некои цени мораме да водиме сметка какви се и платите и каков е и стандардот на граѓаните.

Во време на менаџирањето на кризите Украина, ковид кризата имаше и дополнителни мерки кон одредени категории на граѓани. Имаше субвенција за плати, имаше субвенција за пензионери од 1.500 до 3.000 денари, имаше ваучери студентски од 1.500 до 2.000 денари. Значи имаше поддршка на одредени а категории на граѓани а во смисла на социјална помош, загрозени, со посебни потреби и така натаму. На луѓето им е потребна директна финансиска помош. Мерките кои што сега се предлагаат апсолутно немаат никаков ефект, односно граѓаните не ги чувствуваат.

Дополнително има три други параметри кои што укажуваат дека е потребна посебна помош и во стопанството,. односно економијата. Има пад на индустриското производство во однос на лани 6% а овој месец во однос на претходниот 13,9%. Намалени се странските инвестиции во однос на лани скоро третина од тоа што консекутивните мерки и политики на владите на СДСМ доведоа да има рекордни инвестиции во 2024 година од милијарда 200 милиони евра. Се затвораат фабрики и работниците остануваат на улица. Близу 1.500 работници изминативе месеци се останати без своите работни места. Дел од текстилните фабрики на истокот, дел од зоните економски кои што ги затвораат своите капацитети.

Сите овие работи укажуваат дека економската состојба не е добра, дека граѓаните, а тоа го слушаме секојдневно по нивните апели, по нивните сигнали, едноставно не можат да преживеат.

Моето прашање е, зошто не ги прифаќате мерките кои што навистина ќе дадат ефект? Еве сега имавме предлог на закони. Дали планирате сега? Не после велигденските празници на луѓето сега им се потребни мерки? Кој знае како ќе биде после велигденските празници, како ќе се одвива кризата. Мерки кои што ќе бидат за таргетирани групи на граѓани коишто ќе значат директна финансиска поддршка„.