Соопштение за јавност
„Има пад на индустриското производство во однос на лани 6% а овој месец во однос на претходниот 13,9%. Намалени се странските инвестиции во однос на лани скоро третина. Се затвораат фабрики и работниците остануваат на улица. Близу 1.500 работници изминативе месеци се останати без своите работни места. Сите овие работи укажуваат дека економската состојба не е добра, дека граѓаните едноставно не можат да преживеат.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска поставувајќи прашање до Христијан Мицкоски.
Филипче посочи дека кризата со растот на цените започна со почеток на војната во Иран, но Владата не реагирала навреме.
„Кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Апелиравме Владата да преземе навремено мерки. За жал тогаш во првите денови на кризата владата не реагираше никако. Пооследиците денес ги плаќаат граѓаните. Поскапена е храната за 5 до 10% основните прехранбени продукти, за над 200 до 300% се поскапени овошјето и зеленчукот, цената на горивата се зголеми за близу 40%.“ рече Филипче.
Претседателот Филипче потсети дека Владата одбила клучни предлози на СДСМ, како зголемување на минималната плата на 600 евра и пакет економски мерки:
„Го одбивте предлогот минималната плата да порасне на 600 евра, работниците се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Законите за намалување на ДДВ-то на горивата, преполовување на цените на патарините не ги изгласавте, во ниеден момент цената на горивата не се намали.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.




