fbpx

Николовски во Кавадарци и Неготино: Одоговорност за криминалните политики на Груевски мора да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беа помеѓу граѓаните на Кавадарци и Неготино.

Градовите кои секоја година симболично го одбележуваат денешниот ден, од година во година, се со помал број на штандови на градските плоштади, а се повеќе незадоволни лозари кои мака мачат да ја зачуваат традицијата.

-Ни наметнуваат се поголеми трошоци а откупните цени се помали од година во година. Како ние да опстанеме на пазарот кога со години веќе доцнат исплатите на субвенциите. Оваа власт воопшто не води грижа за нас, си ги наполнија џебовите, нивните локални шерифи добиваат државни пари а ние едвај крпиме крај со крај, се пожалија жителите на овој регион.

Николовски и Спасовски ги образложија мерките од Програмата на СДСМ коишто новата влада ќе ги спроведе по промените, во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

-Токму заради ваквите погрешни, криминални политики најавуваме дека веднаш по промена на власта прво што ќе имаат лозарите е сигурност на производството и пониски производни трошоци. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра. За разлика од досега, земјоделците ќе ги добиваат навремено и тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на сезоната, возврати Николовски.

-Во изминатиот период почнавме да ги разобличуваме криминалите на Груевски и фамилијата. Мораме да ја вратиме државата назад на граѓаните, да ја вратиме вербата во судството, во полицијата за повторно граѓаните да живееат слободно, да се чувствуват сигурно во сопствената држава, порача генералниот секретар Оливер Спасовски.

Зборувајќи за актуелните случувања Николовски рече дека Никола Груевски не сака слободни медиуми. Груевски бега од слободни медиуми затоа што сака, преку злоупотреба на провладините медиуми, платени со пари на граѓаните, да шири лаги, сокривајќи ги криминалот и корупцијата.

-Груевски три дена бега и не сака да одговори за отворените постапки против дел од неговите најблиски соработници. Нека не се крие зад своите медиумски курири, платени со милиони евра народни пари, туку да излезе пред граѓаните и да одговори, порача Николовски.

Николовски и Спасовски на средбите со граѓаните на Кавадарци и Неготино беа придружувани од Координаторката на жени на СДСМ Цветанка Ласкова, претседавачот на Централниот одбор на СДСМ, Диме Велковски, и претседателот на Комисијата за транспорт на СДСМ, Благој Бочварски.

 

 

Последни вести