Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела навремени мерки за заштита на економијата и стандардот на граѓаните, а сега нема капацитет да се справи со ценовните шокови и кризата.
„Она што ме чуди е како една демохристијанска партија како ВМРО-ДПМНЕ пред Велигден им вика на своите граѓани: ’Ај да видиме, ај да ве ставиме во искушение, дали ќе издржите и овој Велигден со ценовен шок, па после Велигден можеби ќе интервенираме за цени.‘ Тоа малку ми личи контрадикторно за демохристијани. Владата не е таа која треба да го става во искушение народот дали ќе издржи со повисоки цени, па ќе му каже дека имаме најмала инфлација“, рече Битиќи.

Тој потенцираше дека владата не презеде ниту една антиинфлациска мерка, а уште во првите 30 дена по почетокот на кризата, кога сè уште спиралата на притисокот на цените не е стигната, имаме скоро 5% инфлација.

„Вчера имавме две законски решенија предложени од СДСМ во Собранието, кои директно се антиинфлациони решенија, за да се направи предвидливост кај граѓаните и стопанството, но валста ги одби. Тоа е намалување на ДДВ-то од 18% на 5% за енергенсите и плус дополнително намалување на акцизата. Не за месец дена, не за 3 недели, не за 40 дена, туку системско намалување, законски, на акцизата кај сите енергенси во подолг временски период, но треба да бидат ралени и да си кажат: владата тоа не може во овој момент да си го дозволи, затоа што приходите се на дното“, истакна Битиќи.

Битиќи се осврна и на инфлацијата, за која Мицкоски вика: „Ние сме петти во Европа по најниска инфлација.

“ Инфлацијата 4,9%. И тоа е реалноста. Во март 2026, наспроти 2025, е 4,9%. Но, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 7,6%. Во овој момент владата нема фискален капацитет за да ги намали своите приходи, затоа што не може да ги сервисира своите услуги како држава. Пример за тоа е зошто не се намалува продажбата на енергенси за странците. Затоа што сè тоа се дополнителни непланирани приходи во буџетот, кои итекако се добредојдени за владата“, заклучи Битиќи.