fbpx

Кирацовски во валандовско: Груевски да одговори за постапките против неговите соработници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Необработени земјоделски површини заради тоа што нема кој да ги обработува, празни улици, млади луѓе речиси и да нема, ваква е денешната слика од Валандово и валандовско.

Потпретседателот на СДСМ и заменик министер во министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од претседателката на Комисијата за информатичко општество на СДСМ, Цветанка Иванова, денеска ги посетија и разговараа со граѓаните од овој регион.

– Груевски три дена одбегнува да одговори за покренатите постапки против дел од неговите најблиски соработници. Нека престане да се крие зад своите курирски мегафони и нека не ги лаже граѓаните. Оваа власт повеќе не може да владее со оваа држава. Ја уништија секоја пора на општественото живеење. Младите ги избркаа од својата држава, а од државата направија дувло на криминалци. Корупцијата цвета, а обичниот граѓанин живее од ден за ден. Мора на сите да им биде јасно дека секој кој сторил криминал ќе одговара и секоја пара украдена од граѓаните ќе им биде вратена кон граѓаните, рече Кирацовски.

Необработената земјоделска површина, лошата економска ситуација и иселувањето на младите се најголеми проблеми со коишто се соочуваме. Не може да се доделуваат земјоделски површини на некои коишто зад себе имаат уште 5 други бизниси. Наместо да ни се овозможи да вадиме парче леб од земјоделието, парите од субвенциите ги земаат оние само коишто се блиски до врхушката на власт. Надежта за промени ја гледаме во новата влада предводена од СДСМ, велат граѓаните.

Потпретседателот на СДСМ, Кирацовски, се надоврза дека СДСМ ќе обезбеди зголемување на субвенциите на 160 милиони евра и ќе изврши комплетна ревизија на земјоделските површини.
-Земјоделската земја ќе биде доделена на вистинските земјоделци. Ќе има поголеми и навремени, стимулирачки субвенции, „зелената нафта“ и земјоделска социјалната пензија, рече Кирацовски.

Кирацовски потенцираше дека СДСМ цврсто останува на ставот дека без прочистен избирачки список и без регулиран медиумски простор нема услови за фер и демократски избори.

 

 

Последни вести