Соопштение за јавност
Никола Груевски втор ден молчи и одбегнува да одговори за поднесените кривични пријави против дел од неговите најблиски соработници од ВМРО-ДПМНЕ.
Она што го правеле неговите соработници Никола Груевски добро го знаел. Затоа, нека не се прави Никола Груевски како да не е од тука.
Изборните манипулации веќе не се само тврдења туку основа за кривично гонење од страна на институциите.
Денеска Груевски го покажа своето најголемо лицемерие. Не само што ја создаде кризата во земјава туку Никола Груевски им украде цели 10 години живот на граѓаните.
Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а граѓаните живеат со по само 40 денари на ден.
Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат во сиромаштија.
Македонија е 13 по беда во светот.
Со 630 милиони евра можеше да се изградат 126 фабрики во коишто би работеле повеќе од 100 илјади граѓани и да се реши големата невработеност којашто владее во Македонија.
Поради Никола Груевски Македонија има најголема смртност на новороденчиња во Европа, дури 14 на 1000 живородени, што е катастрофален показател.
Со 630 милиони евра можеше да се решат болните прашања во здравството, родилиштата, болниците….
626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред се млади и образовани луѓе, поради невработеност и сиромаштија.
Со парите фрлени за споменици, Македонија можеше да ги искористи за поддршка на домашните мали и средни претпријатија да отворат нови работни места и на тој начин да го спречи масовното иселување на младите од земјава.
Оној којшто ја блокираше европската иднина на Македонија со својот диктаторски однос, кој 10 години мислеше на свое лично богатење и богатењето на фамилијата, не може да зборува за иднина.
Какви проекти, какви нови фабрики. Груевски може да зборува само за криминален начин на владеење, бизнис-зделки, провизии, корупција…
Никола Груевски треба да ја поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство во интерес на граѓаните затоа што и тој е потписник на Договорот од Пржино.
Скопје, 13.02.2016 г
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА