Соопштение за јавност
Никола Груевски во страв, немоќ и очај се обидува да глуми нешто што одамна не е.
Наместо да бега од јавноста и од новинарите, Никола Груевски денеска требаше да се појави пред згрдата на Владата и да ја види најболната слика, колку чевли останаа неизносени.
626.312 граѓани се иселиле од земјава, пред се млади, образовани луѓе. Младите заминаа од Македонија поради лошите, криминални политики на Никола Груевски, што ги оставија младите без работа, без егзистенција.
Расипничката власт во заминување на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици. Со 630 милиони евра можеа да се направат 126 фабрики и да се отворат над 100 илјади работни места.
Корупцијата и криминалот изедоа над 100 илјади работни места. Да се отвореа над 100 илјади нови работни места младите немаше да се иселуават надвор од Македонија и ќе останеа во својата земја.
Тој ли Никола Груевски, поради кого се иселуваат младите, ќе ги ослободува студентите од административните проблеми на факултетите, со проектот “Еден клик”?
Зарем Никола Груевски, кој спроведе криминални избори и не изгради ниту еден студетски дом, ќе најавува проект “Еден глас”?
За каков нов базен зборува Груевски? Базен од нови лаги, криминали и манипулации? Не повеќе, младите не му веруваат на Никола Груевски.
Студентите, младите ќе го испорачаат нивниот став за Никола Груевски на следните фер и демократски избори!
Скопје, 13.02.2016