fbpx

Милионите кои Груевски и фамилијата ги украдоа, ќе ги вратиме кон граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шест члено семејство сме, под кирија живееме. Добивав 6.600 денари социјaлна помош и таа ВМРО-ДПМНЕ ми јa намали на 3.300. Киријата ми е 2.500 денари. Како да ги платам месечните давачки, како да го прехранам семејството со тие 800 денари што ми остануваат? А Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, со овие зборови беше пречекана потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, во Делчево.

-Го променивме Правилникот за добивање на социјална помош и постојана парична помош за да им излеземе во пресрет на граѓаните коишто се најзагрозени и оваа помош им е неопходна. По промените, новата влада на СДСМ ќе ја зголеми социјалната помош, и ќе обезбеди основни услови за достоинствен живот на сите граѓани, рече Ременски.

-450 илјади евра се парите што ВМРО-ДПМНЕ сака да ги земе од корисниците на социјална помош. Дури 2.203 семејства треба да ги враќаат парите кои ги добиле како социјална помош. Ние преку сите механизми ќе го спречиме тоа и ќе се потрудиме овие наши сограѓани повторно да бидат вратени во системот на социјална заштита, додаде Ременски.

Граѓаните се пожалија дека Делчево е меѓу градовите од истокот што се најпогодени од иселувањето на младите поради невработеност.

Владата на СДСМ ќе се бори да ги врати младите, тука да ја создаваат својата иднина и основаат фамилии. Бизнис инкубатори, субвенции за самовработување, помагање на бизнис секторот за вработување се само дел од нашите мерки, додаде Ременски.

-Милионите кои Груевски и фамилијата ги украдоа од граѓаните, милионите кои ги изнесоа надвор од државата ќе ги вратат. Секој што учествувал во криминал ќе одговара, а парите ќе ги вратиме назад кон граѓаните, рече Ременски.

 

 

Последни вести