fbpx

Граѓаните на Македонија се желни да го видат Зоран Заев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на Македонија се желни да го видат и да го слушнат лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според достапните податоците од мерењата, за време на гостувањето на претседателот Заев на режимската телевизија Сител, гледаноста на дневникот изнесувала 15,7% (prime time – peak).

Тоа е три пати поголема гледаност на овој дневник, со просек од 4,5%.

Податоците уште еднаш покажуваат дека граѓаните во Македонија сакаат да ја слушнат вистината, да слушнат различно мислење, сакаат да слушнат што мисли демократска и европска Македонија.

За жал, однесувањето на платениците на Никола Груевски во режимските медиуми, финансирани со милиони евра пари на граѓаните, повторно нанесоа штета на основното демократско право на граѓаните за навремена и вистинска информација.

Кршењето на правото на слобода на говор, ширењето омраза кон припадниците на другите националности, вулгарностите, некултурата и навредите кон сите што мислат поинаку, покажа колку Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ е далеку од демократските и европските вредности.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор и зошто СДСМ инсистира на професинално и избалансирано известување на медиумите во интерес на граѓаните.

Интерес на сите граѓани во Република Македонија се слободни медиуми.

Со слободни медиуми и демократски избори, Македонија може да се движи напред, кон европското семејство.

Скопје, 11.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести