fbpx

На граѓаните им требаат обновени и безбедни локални патишта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На граѓаните им требаат обновени и безбедни локални патишта а не разрушени, небезбедни и со безброј дупки какви што се локалните патишта ширум Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за граѓаните, на Груевски и фамилијата им треба пропапаганда на провладините медиуми, платена со пари на граѓаните, за да ја извртува реалноста и да шири лаги.

Попусто се мачеле од ВМРО-ДПМНЕ да напишат соопштение, од фотографиите се гледа катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат локалните патишта во Македонија. Дупка до дупка.

Факт е дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ 10 години воопшто не инвестираа во патната инфраструктура.

Реалноста е дека за време на неговиот мандат целосно се завршени едвај 7 километри нов автопат.

Човекот кој потрошил 20 милиони евра за медиумска пропаганда, не изгради ни по еден километар автопат годишно.

Обновата на патната инфраструктура, изградбата на современи, европски автопатишта во Македонија ќе ја направи владата на СДСМ по победата на следните фер, демократски и слободни избори во Македонија.

Скопје, 07.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести