Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор така лаже и сега!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка

Добар ден. Благодарам за за присуството. Нас ни е многу битно денеска да зборуваме за ова што го гледате позади мене денеска. Тоа е една кампања нова во смисол како нов бран, како дел од лагите на на ВМРО-ДПМНЕ. Новата кампања е всушност повторно лага за граѓаните дека ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ никогаш до не досега не рекле дека ќе го поништат Преспанскиот договор, дека ќе го вратат името и никогаш не рекле дека скандирале никогаш Северна. Да видиме дали е тоа така. Имате овде изјавата најнова на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ којшто го тврди обратното од вистината тоа дека никогаш ниту Мицковски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дало такво ветување.

Ајде да го потсетиме Мицковски што кажал. Можеби Мицковски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува. Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа. Кој го кажа тоа? Мицкоски. Ние од СДСМ или ти? Кој го кажа следното? Ќе го менуваме Преспанскиот договор тоа додека беше во опозиција. Кој го кажа ова?
Мицкоски. Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам северна. Ако кажам северна, нека ми го одземат мандатот. А токму кога го доби мандатот, кога даваше заклетва, го кажа северна толку силно да уште одзвонува во салата на собранието. Да не зборувам за тоа како одзвонува претседателката на говорот на претседателката на државата во салата во Обединетите нации кога Северна го употреби повеќе отколку сите претходната влада.

Мицковски кој го кажа ова? Ме боли и ме пече во името на сето тоа, а за името на државата не сакам да градам кариера. Па целата кариера ти ја изјади шуснус врз основа на лагата дека кога ќе дојдеш на власт ќе го поништиш преспанскиот договор, ќе го вратиш името и та ната. Значи лагата е како шило. Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт ветувајќи го ова за кое што денеска зборуваме, лажеќи граѓаните дека ќе го направи спротивно тоа денеска што го прави.

Треба ли уште докази да вадиме од неговите изјави и настапи или настапи на неговите пратеници, министри за да конечно им стане јасно дека оваа лага е прозиерна и дека веќе е смешна и траекомична. Неколку пати кажував во име на СДСМ, ќе повторам и денеска.

Што прави Мицковски кога ќе го фатите во лага? Одговара со нова лага. таква нова лага и неговиот закон за двојно државјанство со којшто ако се сеќавате предложи пратениците но не од овој состав идниот состав да имаат само едно државјанство да не можат да имаат вече државјанства и тогаш кога СДСМ со свој закон предложи поинакво уредување почесно поодговорно а тоа е ниту член на владата ниту било кој што ќе биде избран и именуван да нема двојно државнство туку да има само македонско Мицковски одеднаш се повлече и оттогаш го нема. Ако се сеќавате вети, рече дека ќе разговара, цитирам, со разни експерти да го консултираат уставот, да го проверат уставот. Па еве сега да го прашаме директно во камера Мицкоски, неговата партија исто.

Кој устав сеа го проверувате? Оној вашиот македонскиот или оној вашиот бугарскиот? Тоа е лагата. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е партија којашто патриотизмот го користи во популистички цели, а во позадина вадат бугарски државјанства. Тоа се лаги, тоа е лицемерие, тоа е манипулација којашто служи за одржување на моќта, којашто пак служи за заштита на криминалот којшто секојдневно го прават. Ние се разбира тука нема да застанеме и дока ќе ја откриваме вистината, бидејќи рековме таа мора да излезе на крај на површина и од тоа нема да се откажеме никогаш. Не може да се создаваат конфликт намерни со Бугарија, на тоа да се печалат патриотски политички поени, а во позадина да се живее и да се патува со бугарски пасош.

На крај излегува дека нас од Бугарите не бранат Бугари, а тоа нема да го дозволиме. Се разбира.

Почитувани граѓани, најголема закана за нашиот идентитет всушност е самата ВМРО организирана криминална група, којашто со својот лажен патриотизам секојдневно ги уништува позициите на нашата држава. Затоа за да нема повеќе вакви манипулации, спомна и вчера претседателот на партијата, нов закон за корупција којшто да видите како преку ноќ во една поинаква атмосфера ќе ги сите овие проблеми реши во однос на тоа дали можеме да веруваме или да не веруваме на некоја влада. Ви благодарам многу.