fbpx

Поддршка во тетовско за ставот на СДСМ: Не прифаќаме нефер избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Жителите на Лешок, Доброште, Одри, Глоѓе, Непроштено, Теарце се добро запознаени со политичката ситуација во Македонија.

Сите жители со кои се сретнаа претставниците на СДСМ при вчерашната посета на тетовскиот регион изразија отворена поддршка на заложбите на СДСМ за фер и регуларни избори на коишто ќе учествуваа сите партии.

Таму беа Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии, придружуван од Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ и Виктор Петрушевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

На Македонија не и треба поголема криза од оваа, а од кризата може да се излезе само ако на фер и регуларни избори ние граѓаните избереме Влада признаена од сите нас – во оваа насока се движеа коментарите на жителите.

Тие се интересираа за ставовите и чекорите на СДСМ по најавата од страна на власта за избори на 24 април.

-Цврсто стоиме на одлуката дека нема да учествуваме на шверцерски закажаните избори на 24 април, затоа што не се исполнети клучните услови за фер и демократски избори. Мора да се прочисти Избирачкиот список, да има Избирачки список во којшто ќе веруваат сите политички субјекти и граѓани и да се обезбеди објективно известување на медиумите. Само фер и демократски избори се решение за политичката криза во Македонија, рече Наумов во разговорите со жителите од Непроштено.

Луѓето во тетовско, Македонци, Албанци, Турци имаат иста мака – им се иселуваат младите. Огништата им остануваат без децата кои заминуваат по егзистенција во странство и со години не се враќаат во родните места.

Она што остава впечаток е дека граѓаните се загрижени за задолжувањата што им ги прави власта, ним и на државата и дека поотворено од кога било зборуваат за тоа.

-Груевски е уплашен и знае дека ако ја изгуби власта ќе ги изгуби и милијардите евра што ги украде од вас граѓаните изминативе десет години. Задолжувањето коешто го прават Ставрески и Груевски на домашниот пазар во овој период, ви ветувам дека нема да биде признаено како законски јавен долг и тоа банките и домашните кредитори мора да го знаат. Секое ново задолжување без моја согласност како дополнителен заменик министер е противзаконско, порача Наумов во Лешок по вчерашното најново задолжување.

Во Теарце, како и при другите посети Кире Наумов и Цветанка Ласкова зборуваа со граѓаните за Програмата на СДСМ, којашто обезбедува економски стабилна и безбедна иднина за сите граѓани на Македонија.

-Преку враќањето на средната класа, ќе се вратат парите кон граѓаните, рече Наумов.

Претседателката на Форумот на жени ги објасни мерките на СДСМ за активно вклучување на жените во бизнисот, со што ја имаат можноста да придонесат за економска стабилизација на своите семејства и на државата.

Скопје, 27.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести