fbpx

Македонски шуми удоволува на Груевски, плаќаат граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и неговите соработници ги создаваат долговите на јавните претпријатија.

УЈП призна дека растат долговите на јавните претпријатија по основ на неплатен данок.

Дури 3.500.000 евра должи на граѓаните и на државата само Ј.П. Македонски шуми.

Груевски бара од Македонски Шуми палми од половина милион евра.

Македонски шуми ги исполнува егзотичните желби на Груевски за палми, а ги остава граѓаните без огревно дрво.

Македонски шуми нема огревно дрво за граѓаните, но има огревно дрво за извоз во странство. Извезени се околу 30.000 метри кубни дрво!

Груевски и Ставрески дозволуваат на Македонски шуми да профитира од извоз на огревно дрво, да купува палми, а да не плаќа милионски суми данок.

Така граѓаните се принудени да плаќаат скапо огревно дрво од приватни добавувачи, да плаќаат за палмите на Груевски, а ќе ги плаќаат и даноците што се обврска на Македонски шуми.

Македонски шуми удоволува на Груевски и неговите соработници, а плаќаат граѓаните.

10 години Груевски и Ставрески не ги интересираат интересите на граѓаните, туку само тендери и нивните бизниси.

Граѓаните имаат идеја за Груевски и неговите соработници:

Збогум Никола и збогум за неговото друштво!

Скопје, 14.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести