Соопштение за јавност
Нека објасни Радио Слободна Македонија како се заработуваат илјадници ерва со еден вработен, во услови кога граѓаните на Р.Македонија тонат во невидена сиромаштија досега.
За две години, Радио Слободна Македонија, со само еден вработен, остварило приходи од 617.000 евра!
Според официјални податоци на Централен регистар за само една година, Радио Слободна Македонија остварило приходи од 242.000 евра! И тоа само со еден вработен!
Дали заради тоа што и зад Радио Слободна Македонија стои Мијалков, радиото не кажува од каде му се ијалдниците евра приход?
Јавноста веќе знае дека зад Радио Слободна Македонија стои фирмата НВСП, којашто е основач на агенцијата за обезбедување СГС.
Зад Агенцијата за обезбедување СГС, стои братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.
Сопственик на фирмата НВСП е Владслав Стајковиќ кој е близок со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија. Во Вистината за Македонија, граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.
Фирмата на Стајковиќ, НВСП е поврзана и со фирмата сопственик на Курир ЕМ МЕДИА ДОО.
Приходите на Курир се бројат во милиони, неверојатни 1.300.000 евра.
Само три владини медиуми, Курир, Република и Радио Слободна Македонија, за само три години оствариле приходи од 3.000.000 евра.
И Радио Слободна Македонија ги објавува лагите на Груевски и учествува во креирањето на лажната реалност со цел да ги сокрие криминалите и богатењето на Груевски и фамилијата.
Дали Радио Слободна Македонија за 617.000 евра ги труе граѓаните со лаги за да ја штити расипничката власт на Груевски и Мијалков или за многу повеќе?
Набргу ќе стане јасно од каде и за која цел се ијадниците евра приходи на Радио Слободна Македонија.
Скопје, 09.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА