„Твоја држава твоја шанса”: Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Вистина е дека младите си заминуваат од Македонија, секој трет млад човек размислува да се исели од државата затоа што не гледа перспектива.

Младите немаат пари да купат стан и да го започнат својот самостоен живот.

Платите не се доволни за достоинствен живот, а трошоците растат секој ден.

СДСМ има решенија за младите, во новата платформа нудиме шанса за секој млад човек.

-5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.

-Укинување на данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан.

-Станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години.

Е тоа е правда. Младите да купуваат домови во Македонија, а не еднонасочни билети за странство.

Затоа што праведно е да добијат држава што ќе им даде шанса.

Твоја држава – твоја шанса.