Талески: Мицкоски го брани Тошковски после сите скандали, убиства и трагедии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на пратеникот Миле Талески од СДСМ

Почитувани граѓани,
Денеска ќе видите како организирана криминална група се штити меѓу себе.
Денеска ќе видите зошто во Македонија нема правда, нема одговорност.
Затоа што тој што требаше да години криминал го штити.
Да имаше право и правна држава, да имаше Закон кој што важи за ВМРО, Панче Тошковски одамна ќе беше сменет.
А да имаше морал, Панче Тошковски денес не требаше да биде предмет на интерпелација.
После сите скандали, после сите пропусти, после сите убиства, трагедии, безбедносни инциденти, после пет тони дрога што поминаа преку македонската граница, после распадот на безбедносниот систем – Панче Тошковски требаше сам да си поднесе оставка.
Но не поднесе.
Затоа што знае дека зад него стои Христијан Мицкоски.
Затоа што знае дека мнозинството ќе го заштити.
Затоа што ова не е власт која бара одговорност. Ова е организирана криминална група која ги штити своите.
ВМРО-ОКГ.
Се сеќавате ли на големите зборови на Панче Тошковски?
„Брат да ми е, ќе одговара.“
Еве поминаа две години.
Кој одговараше?
Никој.
Никој не одговара.
На една од претходните седници за пратенички прашања, лично го повикав Тошковски да си поднесе оставка.
Наместо одговор, добив бегање.
Почитувани,
Толку многу скандали се случија во изминатите 2 години што не знае човек од каде да почне.
Пет тони дрога поминаа преку граница.
Не пет килограми, не педесет клограми, 5 тони.
Шест месеци подоцна нема одговорност.
Нема разрешувања.
Нема оставки.
Нема виновници.
Како поминаа пет тони дрога министре преку македонската граница?
Кој од МВР дозволи тоа? Кој ги штити?
Одговор нема.
Министер,
Кој е Симе од сликите со Христијан Мицкоски?
Зошто никогаш не беше викнат на одговорност, иако пукаше со калашников јавно.
Затоа што системот е распаднат.
Затоа што МВР не функционира.
Затоа што државата е претворена во партиска филијала на ВМРО-ОКГ.
За командант на Тигрите е поставен човек кој спречувал инспекциска акција и физички нападнал инспектори во локал.
И за тоа нема одговорност.
За Командир во ПС Ропотово поставен е човек кој јавно пука со автоматска пушка.
Илјадници прес конфеенрции државте а вие го вративме на работиа.
Нема одговорност.
Луѓе од обезбедувањето на Мицкоски продавале службени информации за пари.
И за тоа нема одговорност.
Другиот бодигард на Мицкоски добива условна казна за семејно насилство.
Нема одговорност.
Луѓе со искуство и кариера во МВР се понижуваат со наредби за привремено распоредување, се испраќаат на улица како сообраќајци или на пријавници само затоа што не се партиски подобни.
Се уништува професионализмот.
Се уништува кариерниот систем.
Се создава партиска полиција.
Во кабинетот на министерот советуваат луѓе со кривични постапки поврзани со организиран криминал.
Во мојот Прилеп, министерот два пати одобрува неплатено отсуство од по три месеци на началник на СВР за да работи градежништво во Америка.
Наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните.
Наместо да раководи со полицијата.
Наместо да биде на работното место.
Парадокси. Ќе оди во Америка да работат
А кој е резултатот знаат прилепчани. До денеска за 2 години имаме експлозија на насилен криминал и трговија со дрога.
Запалени беа 24 возила. Опожарен ноќен клуб. Во двор од куќа беше фрлена бомба.
Во друг двор е поставена експлозивна направа.
Угостителските објекти станаа мегдан за насилство и вооружени пресметки.
Тоа е реалноста во Прилеп.
Тоа е резултатот од вашето катастрофално работење.
И така е секаде, не само Прилеп.
Во Скопје беа убиени млада жена и дете и покрај повеќе од десет претходни пријави.
МВР на Пенче било слепо и глуво.
Во Велес жена лично му пријавувала на министерот.
Исто во Велес беа убиени жена и нејзиниот татко.
Во Старо Нагоричане сериски убиец со години убивал жени пред институциите да реагираат.
Семејното насилство стана секојдневие.
Превенција нема.
Одговорност нема.
Во училиштата гледаме брутално врсничко насилство.
Гледаме злоупотреба на малолетници.
Гледаме тепачки.
Гледаме страв.
Гледаме несигурност.
Во Кочани се случи огромна, тешка, болна трагедија која однесе 63 човечки животи пред се млади.
До денеска семејствата, роднините, граѓаните не можат правдата да ја добијат.
Панче прв ја саботираше вистината. Тврдеше дека виновни се само кадри од минатото.
Ги бранеше актуелните функционери полициски.
Ги бранеше началниците поставени лично од него.
До последен момент тврдеше дека нема нивна одговорност.
Па под притисок на јавноста и обвинителството видовме обвиненија.
Ама правда не видовме.
Милион скандали се случија на северната граница со Косово, границата е како решето.
Артан Груби го пуштивте па после го пречекавте, уште црвен килим фалеше да му поставивте.
Алармантно е што и самите вработени во МВР преку анонимни пријави предупредуваат за шпионажа, прикривање и заташкување на постапки, како што беше скандалот во кабинетот на Сиљановска.
Тоа покажува колку е длабок распадот.
Поднесени кривични пријави со месеци се чувале во фиока.
Има кривична пријава за началникот на РЦГР Југ во Кавадарци, поврзана со случај со запленето возило.
Јавноста нема одговор што се случува со таа постапка.
Како и многу други случаи кои се чуваат во фиоки.
Затоа денес не расправаме само за еден министер.
Денес расправаме за целосен распад на безбедносниот систем.
За партизирана полиција.
За неказнивост.
За заштита на партиски кадри.
За држава во која граѓаните се оставени сами на себе.
Секој кој има барем малку чувство за одговорност кон државата и граѓаните ќе гласа „ЗА“.
Но јас знам дека нема да помине.
Нема да помине затоа што ВМРО ќе го заштити својот министер.
Исто како што го штити секој свој кадар.
Исто како што ја штити секоја афера.
Дали одтворивте предмет за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, исто и за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, за 74 тендери за Ленди груп фрима, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Има ли истрага?
Ти си само партиски извршител.
За градоначалниците на СДСМ им поднесовте без врска кривични пријави.
Дали поднесовте пријава за градоначалникот на Чаир?
Или сте само партиси извршител.
Сугерн сум дека ВМРО ќе го заштитат министерот Тошковски.
Но денешното гласање нема од плеќите на Тошковски да ја отргне од неговата одговорност.
После две и пол години мора малку чувство да проработи.
Пустош направивте.
Дајте си оставка и ослободете го МВР од сите овие скандали.