Соопштение за јавност
СДСМ не ја спречува дијаспората да гласа. Нашите сограѓани од дијаспората гласаат и сега. СДСМ го спречува Христијан Мицкоски, шеф на организираната криминална група, да украде околу 200.000 гласови од дијаспората.
Ако нашите граѓани во земјата минуваат низ строга процедура на гласање со отпечаток од прст, проверка лични документи, потпис во избирачкиот список, зошто некој би гласал преку интернет без да се знае кој точно гласа и без никаква контрола?
Како и секогаш, Мицкоски лаже.
Дојде на власт со лаги, владее со лаги и сега повторно ги лаже граѓаните.
Се претставува како заштитник на правото на дијаспората да гласа, а во реалноста сака да створи систем без контрола, систем кој овозможува масовна кражба на нивните гласови.
Граѓаните денес гледаат се. Не се наивни.
Како што вели народот: „Кој лаже, тој краде”.
Некој тендери, некој гласови, а некој и едното и другото!



