Владата на Христијан Мицкоски сака да биде запаметена по автопати и големи инфраструктурни проекти.
Но вистината е дека ќе биде запаметена по систематското ново задолжување и по политиката на изолација која ја спроведува.
Проблемот не се автопатите сами по себе. Проблемот е што оваа Влада секојдневно се задолжува.
Јавниот долг со оваа Влада веќе надмина 11 милијарди евра.
Само за две години криминалната Влада, која ја сочинува тендер коалицијата, се задолжи за 2,5 милијарди евра.
Продолжи со ново задолжување, меѓу другото и со заем од 260 милиони евра од странски банки, како и со претходно обезбедениот заем од една милијарда од Унгарија и Орбан под неповолни услови.
Наместо да го намалува долгот, Владата го зголемува, додека во исто време најавува нови големи проекти.
Додека Мицкоски се фали со автопати, неговата надворешна политика ја турка Македонија во длабока изолација.
Со блокираниот европски пат и со влошените односи со соседите, Македонија станува земја во која сè помалку луѓе ќе доаѓаат и од која сè помалку граѓани ќе патуваат.
Во таква изолирана земја, автопатите ќе бидат празни. Нема да има кој да се вози.
Особено е жално што Мицкоски во овие изјави директно го копира Александар Вучиќ и по реториката и по моделот на владеење. Големи најави за инфраструктура, додека државата се задолжува, економијата стагнира, а граѓаните осиромашуваат.
Оваа Влада нема да биде запаметена по автопати.
Ќе биде запаметена по тоа што Македонија ја доведе до просјачки стап – презадолжена, изолирана и без визија за реалниот развој на граѓаните.



