Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод – обид за создавање на внатрешни фракции и платформи а со цел слабеење на СДСМ, токму како што претходно тоа го направија со ЗНАМ.
Најпрво се обидоа одвнатре преку Јован Деспотовски и Петре Шилегов. Кога тоа не успеа, сега се обидуваат однадвор.
Платформата на Андреј Петров и Игор Ивановски – Шема работи веќе осум месеци.
Нејзината единствена цел е да ја фрагментира и ослабе единствената вистинска опозициска алтернатива СДСМ.
Ова не е реформска иницијатива. Ова е платформа за спас на Мицкоски.
Христијан Мицкоски е во паника. Неговата партија загуби преку 150.000 гласови, рејтингот му е на историски најниско ниво, нема резултати, а буџетот е празен.
Ја укина техничката влада на сила, а сега на сила се обидува да го промени изборниот закон и да воспостави модел за кражба на гласовите од дијаспората.
Кога веќе не може да ја контролира ситуацијата со лаги и афери, се обидува да ја контролира преку изборен инженеринг.
Сите овие месеци јасно се покажа дека оваа интересна група работи директно за Мицкоски и за спас на неговата власт.
Сателитите се разоткриени.
Обидот за ново издание на ЗНАМ не им помина.
СДСМ и граѓаните кои се собираат околу Фронтот за вистина и правда нема да дозволат повторно да се повтори сценариото од 2024 година.
Време е за мобилизација. Време е власта повторно да се врати во рацете на народот.



