СДСМ е единствената партија која толку силно, отворено и континуирано се бори против криминалната власт на ВМРО, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Филипче посочи дека СДСМ во овој период води силна политичка борба против, оваа ненародната и криминална власт, секојдневно разобличувајќи ги и погрешните политики, и криминалните тендери, и економскиот дебакл и оддалечувањето на државата од Европската Унија.
„Ја станав претседател на партијата во една многу тешка ситуација, по катастрофален пораз, како што никогаш претходно немало во нејзината историја. И тоа не е лесен процес, обнова на општинските организации, обнова на раководството, на телата на партијата, силна борба со оваа корумпирана власт на Христијан Мицкоски,секојдневно разоткривање на лажните политики, разоткривање на нивните криминални тендери од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ“, рече Филипче.
Тој нагласи дека наместо да се отвори широка јавна дебата за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, власта континуирано го дефокусира вниманието и јавноста од од суштинските прашања и проблеми.
„Наместо сега овој период, ние да разговараме за овој дебакл на власта, за изолацијата од Европа, за проруските влијани овде кај нас, за дебакалот со буџетот, за немање пари за пензии, плати, социјални трансери, земјоделство, за ултра скапите кредити, вклучувајќи го и унгарскиот, повторно се зборува за СДСМ“, истакна Филипче.
Филипче порача дека СДСМ нема да отстапи од силното и принципиелно опозициско делување, затоа што, како што кажа, државата се соочува со најкорумпирана власт, која ја води земјата во економска несигурност, изолација и задолжување.
„Нашето силно опозициско делување никогаш нема да се смени. Ова е најкорумпираната Влада што државава некогаш ќе има. Најкорумпираната влада во Европа, која ќе ја заглави државата, во кредити што ќе ги плаќат следните генерации, само за да владеат со националистичка, популистичка реторика и да ги плашат луѓето со тоа дека некој ќе ни го земи идентитетот и јазикот“, рече Филипче.
Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори во интерес на граѓаните, за вистина, правда и враќање на државата на вистинскиот пат.
„Срамота е ова што се прави оваа Влада, ние, граѓаните ваква власт не заслужуваат. И граѓаните мора да се свесни, мора да се разбудат и да дадат поддршка, затоа што вистинските политики се само во нашиот Фронт за вистина и правда“, нагласи Филипче


