За Мицкоски знаеме дека стои финансиски добро, ама народот воопшто не стои финансиски добро.
Граѓаните се доведени до просјачки стап. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за сметки или други потреби.
Лесно му е на Мицкоски, премиерот со колекцијата од најскапите часовници од 60 илјади евра.
Човек кој не сака да чуе за 600 евра минимална пата, во услови кога само за покривање на основните трошоци за живот на едно четиричлено семејство му се потребни скоро 70.000 денари.Значи потребни скоро три минимални плати.
Потрошувачката кошничка поскапе за околу 10.000 денари за само две години.
Македонскиот работник е со најниски плати во Европа, додека цените ја јадат куповната моќ и животниот стандард.
Фактите целосно го демантираат Мицкоски.
Ако државата навистина стои добро финансиски, зошто Мицкоски и неговата Влада на средина од годината го потрошија цел дефицит и го испразнија буџетот?
Ако сме толку финансиски добри, зошто се задолжуваат? За две години направија нови 2,5 милијарди евра долг- јавниот долг се искачи на скоро 11 милијарди евра. А со ова темпо на задолжување до крај на година нивото ќе се искачи на 61,5 % од БДП.
Држава што финансиски стои добро не се задолжува неконтролирано, и парите не ги троши за криминални партиски тендери како што тоа го прави ВМРО, туку за мерки за граѓаните и за капитални проекти.
Мицкоски сам себе се демантира. Вели дека финансиски стоиме добро, а носи ребаланс кој е признание дека не само што не стоиме добро финансиски, туку ќе стоиме и уште полошо.
Финансиски добра држава не носи ребаланс во кој го намалува економскиот раст од 3,8% на 3,5%, не го зголемува дефицитот од 3% на 4,1 %, не ги зголемува расходите и не ги зголемува задолжувањата.
Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за дури 61 проценти. Индустриското производство е во минус. Бројот на работници во индустријата е намален за 2,6% во мај годинава споредено со истиот период лани.
Ете толку добро стоиме.



