Соопштение за јавност
Расте бројот на граѓани кои остануваат без работа поради виртуелните инвестиции и работни места на Никола Груевски.
Нови 50 граѓани се на улица!
Турската инвестиција УЛАК Амбалаж, помпезно најавена од Груевски во Берово како почетна инвестиција од 1.5 милиони евра, е пред затворање.
Груевски и “дил ориентед“ партнерот Пешевски се први до црвените ленти, но ги нема пред затворените порти.
Од 20 ноември годинава УЛАК Амбалаж е во судска процедура на стечај!
Ден претходно стечај прогласи и виртуелната инвестиција на Груевски, Индоминерали и метали. На улица останаа 1 000 рудари од рудниците Тораница и Добрево.
Виртуелни останаа и 450 работни места во Свети Николе, каде Груевски фрли лопата и најави холандска инвестиција за прозиводство на печурки.
Груевскиизлажа и заиталијанскатаОрланди, турскиШишеџам, Хајер и Тривју, индискатаМадерсон, францускатаМонтипе, израелскатаГазитГлоуб, ЕуроИталија, ИскраСловенија,
БиротекникОтомотив, ГрудхостодДанска…
Груевски излажа и за 307 милиони евра инвестиции коишто наводно требаше да влезат во Македонија.
Од виртуелните политики на Груевски, Македонија е последна во регионот и Европа по директни странски инвестции.
Во виртуелниот свет на Груевски, самонеговите лагисереални.
Граѓаните знаат, Доста е!
Збогум Никола!
Скопје, 16.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА