Позицијата на СДСМ е јасна – нема што да се усогласува со Левица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ.

Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски.

Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левица.

Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат простор за изборна кражба, особено кога станува збор за гласањето на дијаспората и за модели кои фаворизираат една партија на сметка на фер и транспарентни избори.

Левица, како сателитска партија на ВМРО, нема легитимитет да ја претставува опозицијата ниту да ја диктира агендата.

Нивната улога во изминатиот период е повеќе од јасна, да создаваат притисок врз СДСМ да прифати решенија кои се во интерес на Мицкоски, а не во интерес на фер избори.

СДСМ нема да учествува во какви било координации чија цел е да се прикрие вистинскиот проблем: криминална група ВМРО сака Изборен законик со кој ќе може да ги контролира и да ги манипулира резултатите.

Нашата позиција е јасна: Изборниот законик мора да гарантира фер, транспарентни и фер избори.

Сè друго е обид за изборен инженеринг.