Левица има јавен договор со Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ.

Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување.

Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо.

-Партија против НАТО во земја членка на НАТО.

-Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија.

-Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави.

Во земја каде што 77 отсто од граѓаните се за ЕУ интеграција, а 72 отсто се за НАТО, Левица отворено се позиционира против волјата на мнозинството граѓани.

Тоа е нејзината единствена улога, да создава поделби во опозицијата и да му помага на Мицкоски да остане на власт.

Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски.

Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта.

Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен.

Левица е создадена и финансирана за да ја разбие опозицијата, да ја напаѓа СДСМ и да му обезбеди на Мицкоски дополнителен глас во Собранието кога му е потребен.

Кога ВМРО-ОКГ нема одговори за реформите и за европскиот пат, Левица излегува со лажни обвинувања за да го одбрани режимот.
Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски.

Граѓаните веќе ја препознаа оваа улога. Сателитските партии како Левица постојат само додека трае потребата од нив. Кога ќе заврши таа потреба, ќе исчезнат исто како што исчезна и ЗНАМ.